
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Со голема жал сакаме да ве известиме дека Boiling Point Festival ‘25, закажан за оваа Сабота, 26ти Jули во Меморијалниот Центар АСНОМ, е откажан.
По консултација со надлежните институции, а водејќи грижа за општата безбедност, донесовме одлука да го одложиме фестивалот. Оваа одлука не беше лесна, но е донесена од безбедносни причини и одговорност кон сите вклучени.
📛 Главни причини за откажувањето се:
Екстремно високи температури најавени за викендот, што значително го зголемува ризикот од топлотни удари и други здравствени последици по посетителите, изведувачите и персоналот, а воедно го отежнуваат поставувањето и функционирањето на фестивалската инфраструктура и одржувањето на истиот.
Потенцијална опасност од пожари, која според надлежните служби е на сериозно ниво.
Сакаме да им се заблагодариме на сите бендови што прифатија да бидат дел од овој фестивал, како и на сите вас што нè поддржувавте и верувавте во оваа идеја.
💸 Сите купени билети ќе бидат целосно рефундирани преку drugastrana.mk во наредните денови.
Ова не е крај, туку само одложување. Ќе се потрудиме да го реализираме Boiling Point Festival во некоја побезбедна и подобра околност.
КОНТАКТ
бул. Октомвриска Револуција бр.20/1-9
1300 Куманово • Македонија